Во Црна Гора успено лице кое проследило на Вибер податоци за заболени од Ковид-19

28

Црногорската полиција уапси лице под сомнение дека сторило кривично дело неовластено собирање и употреба на лични информации, соопшти синоќа Основното јавно обвинителство во Подгорица.

Како што наведува РТЦГ, се сомнева дека лицето М.Р. како службено лице задолжено за податоци за пациенти со Ковид-19, преку апликацијата Вибер, ги доставувало овие информации на други лица.

Според црногорски медиуми, М.Р.бил вработен во Здравствениот дом во Подгорица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.