Во Дебар четворица новозаразени, еден оздравен и еден починат

Во Дебар расте бројот на новозаразени со новиот коронавирус, на оздравени но и на почнати лица.

Според официјалните податоци во последното деноноќие регистрирани се четири нови случаи со Covid-19, едно лице ја добило битката со опасниот вирус, додека едно ја изгубило битката.

Со последно дијагностицирани, вкупната бројка на заразени сега изнесува 179. Оздравени се 59, починати шестмина, додека активни на болеста се 114 лица, десеттина од нив се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септември“ во Скопје.

Од вкупната бројка дури 128 се од втората фаза на болеста, откако со регистраниот случај во село Долно Косоврасти, на 5-ти јуни, болеста повторно, по педесет дена, се врати во ова подрачје. Само во последните шест дена регистрани се 25 случаи, најмногу во петокот или 18 новозаразени.

Според општинскиот Оперативен штаб, кој состојбата и понатаму ја оценува како многу сериозна, ширењето на вирусот е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.

Од таму потврдуваат дека и понатаму голем е бројот на граѓаните кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар.

Полциската статистика потврдува дека во изминатото деноноќие за неносење лична заштита на лицето во Дебар на девет лица им се издадени прекршочни платни налози

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.