14 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Во Дебар нема новозаразени 12 дена, расте бројот на оздравените

31

И во изминатото дванаесетто по ред деноноќие, во Дебар нема новодијагностицирани со Ковид-29,со што бројката останува на 49.

Во исто време расте бројот на оздравени лица кои беа на домашно лекување. Во последните два дена тој број изнесува 15 , со што вкупната бројка на оние кои ја добиле битката со опасниот вирус се зголеми на 31 лице.

Сепак,како што порача градоначалникот Хекуран Дука на денешната прес-конференција, битката со невидливиот непријател не е добиена, па треба строго и понатаму да се почитуваат сите мерки и препораки.

-Иако Дебар и Центар Жупа ја поминаа кризната состојба, населението не треба да се однесува со триумфализам,бидејќи продолжува проблемот со кризата со опасниот вирус. Граѓаните треба да бидат и понатаму дисциплинирани и да ги почитува владините мерки, рече Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини,  кои се под надлежност на Одделението за внтарешни работи Дебар, продолжува да биде стабилна.

-Не е регистрирано непочитување на одлуката за забрана за движење, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и сообраќајни незгоди. Граѓаните се должни, да ги пријават случаите кога има злоупотреби од страна на несовесни лица,затоа што во оваа ситуација е неопходна максимална соработка на граѓаните со локалната власт и полицијата, изјави Дука.

Информираше дека и понатаму од разни донатори пристигнува хуманитарна помош за најранливата категорија граѓани, која се распределува без никакви проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.