Во декември Македонија со највисока смртност од Ковид-19

Смртноста од Ковид-19 во Македонија е понатаму е висока. Со вчерашните 26 починати земјава е на 6-то место во светот според бројот на смртни случаи на милион жители, а со 38.011 заразени на милион се наоѓаме на 27 место. Податоците покажуваат дека само овој месец  577 лица ја загубиле битката со вирусот или за овие 22 дена дневниот просек на починати е 26.2, што е повеќе од ноемврискиот просек кој изнесуваше 25,6 смртни случаи дневно.

И покрај тврдењето на здравствените власти дека од почетокот на месецот  се намалува бројот на нови позитивни случаи пресметките покажуваат дека постои значително намалување и на бројот на спроведени тестови. Во ноември биле  направени вкупно 83.450 тестови што значи дека во просек дневно се тестирале по 2781 лице и е за 17% повеќе од тестовите што се спроведуваат во декември кога за 21 ден се направени вкупно 48.471 тестирање што е 2308 тестови во просек дневно. Ваквите податоци покажуваат дека во декември и во јавното и во приватното здравство заедно секој ден се правеле во просек по 473 тестови помалку отколку во ноември.