Во декември пораснале и депозитите и кредитите

30

Во декември вкупните депозити се зголемија за 3 проценти на месечна основа. На годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9 насто под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства“, покажуваат најновите статистички податоци на Народната банка.

– Вкупните кредити забележаа месечен раст од 1,1 проценти, а во споредба со истиот период од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 4,7 насто. Растот е резултат на зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“ – информираат од Народната банка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.