Во дел од Чаир утре прекин на водоснабдувањето

Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм/ф-250мм утре во делови од населбата Чаир ќе има прекин на водоснабдувањето.

– Ве известуваме дека на ден 15 април 2020 година поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм/ф-250мм на ул.Цветан Димов бб (до ДГ “Фидани“)в о населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат дел на корисниците од ул.Чаирска и згр.бр.2 и 4 од ул.Цветан Димов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.