Регистрирани се 533 прекршувања за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрирани се 533 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.