Во државата Њујорк близу 400 жртви на коронавирусот,

Бројот на починатите како последица на зараза со новиот тип коронавирус во американската сојузна држава Њујорк, кое е жариште на епидемијата во САД, остро порасна во последните 24 часа, за сто нови смртни исходи, а во соседната држава Њу Џерси црниот биланс е зголемен за еден и пол пат за едно деноноќие.

Во Њујорк во последните 24 часа се потврдени стотина нови смртни исходи на болеста Covid-19, со што сега вкупно има 385 жртви од избувнувањето на кризата, изјави гувернерот на оваа сојузна држава Ендрју Куомо во четвртокот.

Во чертвртокот претпладнето по локално време во државата Њујорк, која има речиси 20 милиони жители, беа потврдени повеќе од 37.000 случаи на заразата, додека ден претходно ги имапе над 30.000, додаде Куомо на прес-конференцијата.

„Има луѓе во болниците ставени на респиратори. Колку подолго сте на респораторот, поголема е можноста од фатален исход. Сега имаме лица кои се веќе 20 до 30 дена на респиратор“, рече Куомо. Меѓутоа повтори дека државата засега има доволен број респиратори, иако наскоро ќе бидат потребни уште.

Истовремено американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот прогласи вонредна состојба во соседната сојузна држава Њу Џерси, каде што бројот на случаите на коронавирусот остро расте, соопшти Белата куќа.

Бројот на потврдените случаи на зараза со коронаврирусот во Њу Џерси во последното деноноќие се зголемил за еден и пол пат, соошти на прес-конференцијата пренесувана на локалните телевизиски канали, гувернерот Фил Марфи.

Како што истакна, во државата се потврдени вкупно 6.876 случаи на заразата. Бројот на починатите пациенти со коронавирус изнесува 81, што е за третина повеќе од ден претходно.

Бројот на севкупно починатите во епидемијата во САД во средата го надмина прагот од 1.000 лица. САД, каде што на почетокот се чинеше дека ќе остане далеку помалку зафатени од пандемијата во однос на Кина и Европа, сега со речиси 70.000 заболени, од страна на Светската здравствена организација (СЗО) се посочуваат како можно ново жариште на пандемијата.

Вонредната состојба којашто ја прогласи претседателот Трамп за Њу Џерси, им овозможува на сојузните држави преку сојузната влада да го користат конгресните фондови. Покрај тоа, Трамп може да го суспендира уделот на државата во исплата на ангажанот на Националната гарда во справувањето со последиците од вонредната состојба, која оди и на државата и на сојузната влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.