Во Дубаи Бурџ Калифа во боите на кинеското знаме во знак на солидарност

Најголемата зграда во Дубаи, Бурџ Калифа беше осветлена во црвено, односно во бојата на кинеското знаме, а сè тоа во знак на солидарност поради епидемијата на коронавирусот во таа земја.

На зградата висока 825 метри, испишан е и познатиот кинески слоган „одиме понатаму”.

Досега во Кина од вирусот починаа 362 луѓе, над 17.300 се заразени, а освен во Кина, тој се појави и во други 26 земји ширум светот.

Забележан е и еден смртен случај надвор од Кина, на Филипините, каде кинески државјанин почина како последица од коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.