Во Дубаи се гради нова кула со 210 спрата и висока 928 метри

Најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати, Дубаи, би можеле да го наречеме главен град на супер-високи облакодери. Во овој век има изградено десетици нови облакодери, од кои 22 се повисоки од 300 метри, а уште 19 се високи меѓу 250 и 300 метри.

Меѓу нив е и најпознатиот и најголем, „Бурј Калифа“ која по отворањето во 2010 година го носи насловот на највисокиот облакодер во светот, со 828 метри во висина од основата кон врвот.

Сепак, таа титула може да ја изгуби веќе за две до три години и тоа од кулата, која, исто така, се гради во Дубаи, како дел од еден голем станбено-деловен проект Dubai Creek Harbour. Иако архитектите и градителите не сакаат да ги откријат точните димензии на новата кула, неформално наречена The Tower at the Dubai Creek Harbour, повеќе медиуми пренесоа дека ќе биде висока дури 928 метри, точно 100 метри повеќе од „Бурј Калифа“. Претходно се шпекулираше дека можеби ќе биде висока и 1.300 метри, но таа бројка изгледа е премногу претерана.

https://youtu.be/2HlfZDPdJjg

Познато е дека новата кула ќе има дури 210 ката и при врвот истакнат овален дел во форма на цветна пупка во која ќе има десет платформи. Покрај тоа, ноќе од кулата кон небото ќе биде насочен силен светлозен зрак. Целиот проект би требало да чини околу милијарда долари, но веројатно и повеќе од тоа со оглед на непредвидените трошоци кои се вообичаени во таквите мегапроекти.