Во дуелот на дното Шалке и Мајнц одиграа без голови

Во првиот натпревар од 24-то коло од германското фудбалско првенство тимовите кои се надеваат на опстанок во Бундеслигата, Шалке 04 и Мајнц 05 одиграа без голови.

Последниот Шалке сега има 10 бодови, а Мајнц е 16-ти на местото од кое се игра мајсторка за опстанок има 18 бодови,, како и 15-та Херта и 17-та Арминија, но Херта има еден а Арминија два натпревара помалку.

На врвот на табелата е минхенски Баерн со 52 бодови, втор е РБ Лајпциг кој има 50 бодови, а третиот Волфсбург со 45 и четвртопласираниот Ајнтрахт со 42 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.