Во Џенова се дорушува стариот, за да се гради нов мост

До Божиќ следната година, Џенова ќе има нов мост, што ќе го замени срушениот мост Моранди.

Ова го вети градоначалникот на градот Марко Бучи, пренесоа италијанските медиуми. Бучи присуствуваше на церемонијата за почетокот на уништување на она што е останато од вијадуктот, кој се сруши на 14 август, при што загинаа над 40 лица.

Рушењето треба да започне на почетокот на следната недела. Досега пристапот до остатоците од мостот беше забранет со судски налог, за да им се дозволи на експертите да ја спроведат истрагата за причините за колапсот на вијадуктот.

Градоначалникот на градот денес изјави дека уривањето ќе трае до март следната година. Пет компании избрани од страна на властите ќе учествуваат во активностите, а  процесот ќе чини 19 милиони евра. Се очекува во понеделник или вторник градоначалникот на Џенова да одлучи и кои компании ќе го градат новиот мост.