Во еден ден десетици вработувања во судот на деца на судиите

Огромен скандал со непотизам во судовите во Скопје, открива Економски Лидер од извори во судската власт.

Во изминатиот период, откако СДСМ владее во Македонија и Рената Дескоска е министер за правда, може се детектираат десетици примери на семејни вработувања во судовите во Македонија.

Ова е алармантно, секој месец на работа доаѓа по некое дете на судија – сведочи за Лидер, вработен во основниот суд Скопје 1, кој е наш свиркач за непотизмот таму.

Дамјан Самарџиски, син на членот на судскиот совет Влатко Самарџиски е вработен како помлад соработник во Основен суд Скопје 1.

Дамјан е роден во 1991, вработен е од 25 јануари на определено време, само затоа што е син на Влатко, сведочи дошепнувачот на Лидер.

Симптоматично, но од истиот датум 25.01.2019, во Скопје 1 вработен е синот на уште еден син на член на судскиот совет.

И Ѕвонимир Богдановски, синот на Владо Богдановски од судски совет од истиот датум почна да работи кај нас, сведочел изворот на Лидер.

Од 25ти јануари, во скопска единица работи и Ена Реџепагиќ, ќерка на судијата за пртходна постапка Сеад Реџепагиќ.

-Ена е помлад соработник. Претходно во цела 2018та, таа работеше на истото работно место но сега на 25ти доби решение, вели изворот на порталот.

Уште една судијка си го вработила детето во правосудниот систем. Се работи за судијката во апелација Радица Василевска, чија ќерка Јована од 13ти месецов па наваму работи кај државниот правобранител.

Интересно е што Јована е вработена од 13.02.2019, но, на работа оди од 05.02.2019, вели соговорникот на Лидер.

Во истата институција има уште еден непотистички некандсл, Хилда Серафимовска, родена 1960 година, сестра на Лидија Дамчевска, претседател на Апелација, од 21.04.2010 е Раководител во одделение во Правобранителство

Од 05.02.2019, во правосудна институција вработена е и Симона Ристова, ќерка на судијата од организиран криминал Ѓоко Ристов.

Има уште десетина примери на деца на судии кои периодов се вработија по судовите, но немам време да ви ги издиктирам во овој телефонски разговор. Ќе се видиме. Објавете ги овие, да знае јавноста што се случува по судовите кои се претворени во семејни касти – го заврши разговорот нашиот извор.