Во еден ден изгорени пет куќи и еден загубен живот, а СДСМ носи закон за двојазичност

Неспособноста на СДСМ да се справи со пожарите ескалира, како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ од пред една седмица, прединосе пет куќи да бидат целосно уништени во селото Могилец и граѓаните останаа без своите домови, а десетици се евакуирани токму поради непреземањето сериозна акција од страна на власта, а дополнително беше соопшти дека во петокот изгорено човечко тело е пронајдено во близина на скопското село Љуботен и ќе се испитува дали и во тој случај затаиле институциите и можеле да го спречат трагичниот и фатален исход.

И додека граѓаните од повеќе места во државата се во паника и страв за своите домови и животи, СДСМ се занимава со историја, воведува двојазичност и неселктивно менува директори на институции за да вработи свои партиски војници.

Во многуте јавни дебати во медиумите години преовледуваше консензуално мислењето на експертите и искусните работници дека во случајот со пожарите, СДСМ навистина можел да стори повеќе. Меѓутоа, наместо да го свика Кризниот штаб, на премиерот Зоран Заев многу поважно му беше да се слика со странски политичари, да потпишува антидржавни договори со Бугарија и да воведува двојазичност во Македонија.

Доколку се потсетиме, кога во 2007 и 2008 година кога имаше големи пожари дури и во поголем број, целата Влада се организираше по региони да помага и координира реакција на институции.

Илјадници пожарникари, доброволци, авиони од Хрватска, хеликоптери од Бугарија, цистерни од Грција, друга помош од Србија и од каде уште не, вистинска „артилерија“ за справување со пожарите тогаш беше овозможена само поради функционирањето и посветеноста која ако не е со силна волја, од срце и душа да им се помогне на граѓаните, не може да биде реализирана. Тогаш немаше ниту жртви, ниту запалени куќи, ниту луѓето беа оставени на цедило бидејќи се работеше деноноќно. Владините претставници дури и преспиваа во други градови во кои ги координираа активностите за справување со големите пожари.

Оваа година пред очи имаме комплетно поинаква слика. Наместо итни седници за пожарите и масовна мобилзиација за помош, СДСМ ги игнорира и со нив се справува површно и неспособно, што резултира со граѓани кои во пожар ги губат своите домови и за жал животи.

Наместо целата армија да е на терен, заедно со специјалните полициски сили и Дирекцијата за заштита и спасување, да се формира Кризен штаб, Заев е преокупиран со партизација на државата, смена на директори и поставување партиски кадри.

Граѓаните со денови повикуваа за помош, а Центарот за управување со кризи ги игнорираше и ги остави сами да се справуваат со огнената стихија. Поважни беа законот за двојазична Македонија и кој од коалиционите кое директорско место ќе го добие во бранот на брутална партизација на државата од страна на Зоран Заев.

Повеќе од две седмици во Македонија избувнуваат пожари кои голтат домови, далеководи и цели шуми, а Заев и Шекеринска вечераат во елитни ресторани со Красимир Каракачанов.

Илјадници хектари шума во меѓувреме исчезнаа, додека челниците на СДСМ како приоритет си поставиле цел да ја редефинираат македонската држава, со штетниот договор со Бугарија и реализирањето на Тиранската платформа.

Исто така, треба да се обележи и дека сега кога горат стотици илјади дрвја и цели планини, ги нема „паркобраните“, ниту дежурните еколози и скапо платените невладини организации коишто беа логистиката на СДСМ во уривањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Целосен молк владее од сите оние кои до вчера жестоко се бунтуваа против прет

Експертите предупредуваат дека доколку не се локализираат пожарите сега, во септември ќе биде многу многу пострашно. Но, водејќи се од искуството од струшката депонија која СДСМ сѐ уште не може да ја изгаси, со право се стравувањата дека „републиката во пламен“ ќе стане вистинско хороро сценарио поради незаинтересираноста и неспособноста на владата на Заев за решавање на овие катастрофични ситуации.