Во еден ден златото двапати ги надмина рекордните нивоа

Цената на златото во понеделникот вечерта се искачи на рекордното ниво од 1.945 долари за унца постигнато на берзата во Јоханезбург, откако претходно во текот на денот достигна ја достигна цената од 1.943 долари за унца на главните берзи во САД и Европа.

Како што појаснуваат валутните аналитичари за весникот Business Day, рекордните нивоа на златото се должат на колебањата на вредноста на американскиот долар, кој покрај драгоцените метали се смета за едно од сигурните засолништа на капиталот во несигурни времиња, а поради тензиите во односите меѓу САД и Кина, како и на засиленото ширењето на коронавирусот во светот.

„Акциите на рударските компании во понеделникот на берзата во Јоханесбирг започнаа со подем, а цената на златото го оствари најголемиот скок во последните шест седмици, при што спот цените ги надминаа рекордните нивоа од 2011 година. Цената се искачи на рекордните 1.945 долари за унца, бидејќи доларот продолжи да слабее“, истакнува највлијателниот африкански деловен весник.

Берзата во Јоханесбург се смета за водечка во Африка и е една од клучните во светот за утврдување на цените на златото, имајќи предвид дека Јужноафриканската Република традиционално е меѓу светските лидери во неговото производство.