Во една ноќ дури 179 санкции за возење под дејство на алкохол 

Во текот на изминатата ноќ од саботата кон неделата (04/05.12.2021) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на земјата, при што санкционирани се 179 возачи.

Од нив, 42 на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, 29 на територија на СВР Тетово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.