Во една седмица во Србија над 115.000 заразени, потврдена подваријантата на омикронот

Србија во последните седум дена регистрирала повеќе од 115.000 новозаразени со коронавирусот, поради што стручњаците епидемиолошката ситуација ја оценуваат како „предупредувачка“, а регистрирани се и првите случаи на подваријантата на омiкрон сојот наречена BA.2.

Во Србија во средата се регистрирани 12.532 случаи на заразата, а од компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19, починале 58 пациенти, соопшти министерството за здравство.

Зголемен е и бројот на хоспитализираните, од 4.425 во вторникот на 4.489 во средата, а на респиратори се 174 пациенти, шест повеќе од претходниот дел.

Од почетокот на пандемијата во Србија се идентификувани повеќе од 1,8 милиони зарази со коронавирусот, а потврден е 14.171 смртен исход од Covid-19.

За подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот, означена како BA.2 или „стелт“, главно не се знае многу, но десега е познато дека покажува клиничка слика како и омикрон сојот, изјави за регионалната N1 телевизија Тања Јовановиќ, професорка од Медицинскиот факултет во Белград на која се прави секвенционирањето на геномот на коронавирусот SARS-CoV0-2.

„Во прашање е сложен молекуларен метод, но е важен бидејќи ја следи активноста на вирусот и неговата променливост. Благодарејќи на тоа успеавме да ги дефинираме сите варијанти на вирусот кои беа присутни сите варијанти на вирусот кои биле присутни во нашата популација, вклучително и оваа подваријанта на омикронот, односно BA.2“, рече Јовановиќ.

Оваа подваријанта првпат се појави во Азија, на Филипини, кон крајот на ноември 2021 година и се прошири во Европа, а неодамна ја идентификуваа и австралиските здравствени власти.

Разбирливо е што брзо се шрии, бидејќи оваа подваријанта ја зголемила својата инфективност и се шири за еден ипол пат полесно отколку изворниот омикрон сој, оценува Јовановиќ.

Предупредува дека оваа BA.2 подваријанта го „пробива вакциналниот имунитет и природниот имунитет“, како и дека „може да зарази лица кои во претходниот период ја прелажале инфекцијата или се вакцинирани“.

„Секвенците означени како BA.2 до денеска во GISAID ги внеле 57 земји“, објави пред неколку дена Светската здравствена организација (СЗО – WHO), додавајќи дека во некои земјите таа подваријанта сега сочинува повеќе од половина од секвенците на омикрон сојот.

СЗО соопшти дека досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите и повикува да се спроведат истражувања за карактеристиките на вирусот, особено за неговата заразност, способноста да го избегнува протеинот на имунолошкиот систем и неговта вирулентност. Неколку најнови студии покажуваат дека подваријантата BA.2 е позаразна од оригиналната омикрон варијанта.