Во Египет седум лица осудени на смртна казна поради напад врз полицајци

Грција: Осуден новинар за новинарска измислица
Грција: Осуден новинар за новинарска измислица

Египетскиот суд денеска осуди седум лица на смртна казна поради убиство на полицајци во Каиро во 2016 година, јави германската новинска агенција ДПА.

Судот исто така осуди и тројца соученици на 15 години затвор, додека 15 други лица кои учествувале во нападот осудени се на 10 години затвор, а седум други лица се ослободени од обвиненијата.

Тие се осудени за напад врз полициско возило, при што загинаа еден полициски офицер и седум полицајци.

Обвинетите се товарат и за членство во терористичка група, поседување на оружје и експлозив и за напади врз полицијата. Тие имаат право на жалба на пресудата.