6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Во Јегуновце се реализираат проектите кои беа ветени во кампањата, вели Мицкоски

Најпрвин ќе ми дозволите да изразам големо задоволство за ова што денеска тука го видов во општина Јегуновце. Имавме можност со градоначалникот на општина Јегуновце да поразговараме за тековните проекти, но и тоа што веќе е завршено, како што е овој прекрасен објект. Оваа детска градинка, која што ќе биде дом на 25 дечиња Македончиња и 25 дечиња Албанчиња во периодот кој што следи, а тоа се децата од претшколска возраст, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Убеден сум дека тука тие ќе ги стекнат првите знаења заедно со нивните воспитувачи и негователи. А, потоа и ќе можат понатаму да се надградуваат во текот на образовниот процес.

Исто така проектот со канализацијата, асфалтирањето на улиците и останатите проекти кои што градоначалникот во својот говор овдека ги кажа.

Задоволството е големо кога гледате како се реализираат проектите кои што беа ветувани во кампањата. Јас само посакувам повеќе вакви објекти да се реализираат, повеќе проекти да се завршуваат. Тоа го очекуваат граѓаните во општина Јегуновце, тоа го очекуваат граѓаните во Македонија, Македонија да оди напред, а не да се занимава со процеси кои што не враќаат назад во времето, додава Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.