Во експлозија во воена болница во Бангкок 24 ранети

Во експлозија на бомба во болница во тајландската престолнина Бангкок во понеделникот ранети се 24 луѓе, а нападот е извршен на третата годишнина од воениот преврат кој во земајта беше извршен во 2014 година.

За овој напад засега нема осомничени и ниедна група не ја презема одговорноста. Во болницата „Прамонгутклао“ се лекуваат пензионирани воени офицери и функционери, и нивните семејства.

„Станува збор за бомба. Пронјадовме парчиња од кои направата била составена, електрични жици и батерии. Полицијата ги проверува снимките од скриените камери“, изјавил за новинарите Камторн Аушароен, началникот на полициската екипа за ексслозиви, додавајќи дека тој не знае кој стои зад нападот.

Владиниот портпарол потврдил дека се ранети 24 лица, а локална телевизија прецизираше дека главно се повредени од распрснато стакло. Заменикот шеф на државната полција изјавил дека бомбата била сокриена во контејнер пред влезот на аптеката.

Се сомнева дека зад нападот стојат политички дисиденти кои се против воените власти или муслиманските сепарасти, коишто главно се базирани на југот од оваа доминантно будистичка земја.

Во понеделникот се одбележува годишнината од воениот удар кој се одигра на 22 мај 2014 година. Со пучот беше соборена владата која дојде по изборите и беа прекинати повеќемесечните безредија со улични демонстрации на опозицијата во кои имаше и жртви.

По пучот, челнциите на хунтата кои се познати како Национален совет за ред и мир, го задушија отпорот и ги засилија прогоните според законот за бунт и клевета. Тајланд остана под воена власт, а хунтата вети општи избори кон крајот на 2018 година. Воената влада, меѓутоа, истакан дека сака да ги ослаби политичките партии и да го задржи постојаното влијаени врз избраната влада, делумно и низ новиот устав кој во април го одобри кралот