Во експлозија на мина загинаа 15 авганистански цивили

Петнаесет авганистански цивили, меѓу кои се шест жени и осум деци, се убиени во средата во експлозија на мина при минување на возило во местото Имам-Сахиб, на северот од Авганистан, соопшти портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи.

„Околу 17 часот по локално време експлодираше мина којашто ја поставиле талибанските терористи про минување на цивилно возило во покраината Кундуц, кога смртно настрадаа 15 цивили“, изјавил полицискиот портпароло Насрат Рахими.

Меѓу жртвите се шест жени, осум деца и еден маж, прецизирал Рахими.

Местото Имам-Сахиб се наоѓа во близина на границата со Таџикистан. Покраината Кундуз е позната по континуираните судири меѓу талибаните и владините сили кои ја имаат поддршката од американските сили стационирани во Авганистан.

Во оваа покраина се засолнати и многу припадници на ривалската џихадистичка организација Исламска држава. По атентото од 6-ти ноември во соседен Таџикистан, шефот на руската Федерална служба за безбедост (ФСБ), Алесандар Бортников предупреди на зголемана активност на Исламската држава во Авганистан.