Во Еквадор затвореници прават ковчези за починатите од коронавирус

Затворениците во шест затвори во Еквадор почнаа да изработуваат ковчези за починатите од коронавирус, соопшти денеска затворската служба.

Ковчезите се наменети за подрачјето Гвајас кое е најмногу погодено од вирусот. Тие се изработуваат од дрва запленети од Министерството за животна средина за време на илегална сеча на шумите.

Семејствата со најмали примања чии членови починале од коронавирус ќе добијат ковчези.

Во Еквадор се регистрирани 4.965 заразени, од кои 272 лица починале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.