Во Ерменија спречен атентат на премиерот

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан

Ерменските служби спречиле обид за убиство на премирот Никол Пашинјан и преземање на власта од група поранешни функционер, објави Националната служба за безбедност во саботата.

Пашинјан е под притисокот на илјадници демонстранти кои протестираат од вторникот и бараат да отстапи од премиерската должност поради потпишувањето на договорот за прекин на непријателставата, со кои Азербејџан осигура територијална контрола во Нагорно Карабах, енклавата доминантно населена со Ерменци, по шестнеделните борби.

Ерменската Национална служба за безбедност објави дека за заговорот за убиство на премиерот е уапсен поранешниот директор на оваа служба Артур Ванецјан, поранешниот шеф на пратеничката група на Републиканската партија во парламентот, Вахрам Багдасарјан и воениот ветеран Ашот Бинасјан.

„Осомничените планирале нелегално да ја преземат власта со убиство на премиерот и веќе разговарале за потенцијалните кандидати кои би го замениле“, објави безбедносната агенција во соопштение за јавноста.

Се посочува и дека во претресите, безбедносните служби откриле голем број парчиња оружје и минуција, особено митралези, рачни фрлачи на гранати, пушки со телескоп, патрони, денотатори, запалки и осигурувачи за експлозивни направи.

Пашинјан претходно седмицава изјави за нацијата дека нема друг избор отколку да го потпише договорот за прекин на огнот, за да спречи натамошно губење на териториите. Рече дека за тоа ја презема личната одговорност, но ги отфрли повиците да отстапи од должноста.

Прекинот на огнот кој дојде под притисокот на Русија ги запре воените дејствија во Нагорно Карабах и областите околу енклавата која од 1988 година во тогашниот СССР објави дека се отцепува од Азербејџан во чијашто територија административно бил присоединет во 1920-те години.

Од војната од 1992 до 1994 година, етничките Ерменци поддржани од властите во Ереван ја имаа воената контрола врз Нагорно Карабах и делови од териториите на Азербејџан кој го опкружуваат. Сега стратешки места од неклавата и територијата ги контролира азербејџанската војска, којашто според западни процени имала голема поддршка од турските специјални сили.

Според ерменски податоци над 1.000 војници на ерменските сили во Нагорно Карабах ги загубиле животите во судирите, додека Азербејџан не ги објави своите воени загуби во жива сила. Руското министерство за одбрна проценива дека на секоја од завојуваните страни имало по околу 5.000 загинати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.