Свет

Во Ерусалим поставен првиот патоказ кон амбасадата на САД

Во Ерусалим поставен првиот патоказ кон амбасадата на САД

Работниците во понеделникот во Ерусалим ги поставија првите патокози кон американската амбасада којашто ќе биде отворена на 14-ти мај по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп којашто Израел ја оцени историска, а голем дел од меѓународната заедница ја осуди.

Работниците во портокалови комбензони поставуваа на улиците табли со ознаката „Амбасада на САД“ на хебрејски, арапски и англиски јазик, пренесува весникот Haaretz.

Американскиот претседател Доналд Трамп, прекинувајќи ја американската дипломатска традиција и покрај меѓународниот консензус, објави на 6-ти декември одлуката за признавање на Ерусалим за престолнина на Државата Ерусалим и преместување на амбасадата која во моментов е во Тел Авив.

Амбасадата со голема помпа ќе биде отворена следната седмица кога ќе се одбележи 70 години од создавањето на современата израелска двржава. Амбасадата, во намален обем, во почетокот ќе биде сместена во рамките на комплексот на сегашниот американскиот конзулат во Ерусалим, додека не се изгради постојана амбасада, за што ќе биде потребно време, објави Стејт департментот.

Едностраната одлука на Трамп ги одушеви Израелците и ги разгневи Палестинците кои сакаат источен Ерусалим да биде престолнина на нивната идна држава и затоа во оваа одлука гледаат закан за своите тежнеења. Прашањето на источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана и анекасирана од Израел во текот на ткн Шестдневна војна од 1967 година, е едно од најтешките во деценискиот изралеско-палестински судир.

„Ерусалим е вечна престолнина на еврејскиот народ и светот почнува да ја признава оваа стварност“, изјави израелскиот градоначалник на Ерисалим, Нил Баркат, пренесе неговиот кабинет.

Високиот палестински функционер Саеб Еракат, пак, го повика во соопштениет „целиот дипломатски кор, цивилното општество и верските власти на бојкот“ на отворањето на американската амбадаса во Ерусалим.

„Оние коишто ќе дојдат на отворањето на амбасадата испраќаат лоша порака дека го одобруваат очигледното кршење на меѓународното право и неоттуѓивите права на палестинскиот народ“, вели Еракат.

Кон средината на април израескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека најмалку шест земји се во сериозни преговори со израелските власти за преселување на своите амбасади во Ерусалим.

Нетанјаху изјави дека Гватемала во мај практички истовремено со САД ќе ја пресели своијата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, и предвиде дека нивниот пример ќе го следат и други земји. Тогаш беше истакнато дека „според процените на израелските дипомати, Хондурас речиси сигурно, ќе биде една од земјите коишто ќе донесат иста одлука“.

Истовремено со изјавата на Нетанјаху во Букурешт шефот на владејачките социјалдемократи Ливиу Драгнеа изјави дека и Романија одлучила да ја премести во Ерусалим својата амбасада во Израел. Според членикот на романските социјалдемократи PSD, кои ја имаат клучната улога во водењето на владата на премиерка Виорица Данчила, владата усвоила во „меморандум за почетокот на постапката од преместувањето на амбасадата во Ерусалим“.