Во експлозија на рачна граната во северозападниот дел на Пакистан загинаа шест деца, додека едно дете е повредено, соопштија пакистантските официјални лица.
Децата биле на возраст од седум до 12 години и си играле со граната во близина на своите домови во градот Хангу, кога се случила експлозијата, пренесува агенцијата АФП.
„Загинаа пет момчиња и едно девојче, уште едно дете е повредено,“ изјави Ахмед.
Неименуван полициски службеник изјави дека децата биле браќа и сестри чие што семејство пребегнало во соседната покраина Оракзај, каде што војската се бори со Талибаните.
Градот Хангу е честа мета на милитантите.