Во Естонија не можат да го пронајдат проектилот истрелан од шпанскиот ловец

Естонската војска по темелната проверка на можната локација на падот на ракетата, којашто во вторникот случајно беше истрелена од шпански ловец од составот на контингентот на НАТО во оваа балтичка земја, не успеала да ја најде ниту ракетата, ниту фрагменти од неа, сопшти во саботата портпаролот на естонските одбранбени сили.

Ловецот на воздухопловните сили на Шпанија од типот „Eurofighter Typhoon 2000“ во вторникот по грешка лансирал ракета од класата „воздух-воздух“ од типот AIM-120 AMRAAM, којашто прелетала 80 километри, а се претпоставува дека паднала во ненаселената мочуришна шумска област Ијекјула, недалеку од прородниот резерват Ендла.

Естонските војски со помош на детектори за метал ја пребаруваа областа со површина од околу 600 квадратни метри, а потоа уште околу 200 хектари проверуваа визуелно.

„Бидејќи од почвата дојдоа многу лажни сигнали, со помош на багери беше отстранет површинскиот слој на почвата до длабочина од околу половина метар и продолжија со помош на длабински детектори“, го цитира прес-службата задолжениот за оваа операција, началникот на центарот за деминирање на одбранбените сили на Естонија, капетанот Кармо Саар.

Саар истакнал дека проверката со детекторите се вршеле до шест метри длабочина во почвата, но немало сигнали за постоење фрагменти од ракетата.

„Имајќи го предвид сево ова, можме да кажеме, дека според нашите прцени, ракетата не паднала на проверената територија“, додал естонскиот офицер.

Според командантот на естонските водухопловни сили, полковникот Риво Валге, пребарувањето ќе продолжи од воздух. Претходно во средата Валге изјави дека е откриено веројатното место на падот на ракетата. Според него, познати се водушниот коридор и зоната во шумата со траги од експлоијата.