Во ЕУ не се оди со претурање државни пари на сметки на луѓе од власта

Од ВМРО-ДПМНЕ велат со оваа власт едно е на хартија, а друго во реалноста.

-Со оваа власт на хартија преку штелувани податоци се прикажува раст на платите, во реалноста имаме раст на сиромаштијата. На хартија се прикажуваат инвестиции, во реалноста има инвестиции само во фирмите на Анѓушев и Локвенец. Велеа дека не внеле во НАТО и ЕУ, а во реалноста ниту членство во НАТО ниту датум за преговори за ЕУ. Во ЕУ не се оди со претурање на државни пари во приватни сметки на вицепремиер, пратеници и фирми на други  луѓе од власта, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Од опозициската партија велат дека колку и да се прикажува дека постои некаква розева слика, реалноста е поразителна.

-Власта врши грабеж на граѓаните, а единствено се богатат фирмите на власта. Владата на СДСМ зема од џебот на народот за да стави во приватните џебови на министрите. Додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека нема просечна плата за граѓаните од 500 евра, нема плата од 100 илјади денари за докторите, а покрај покачената акциза се најавуваат повисоки даноци и давачки. Дека ова е реалноста.

-Владата на СДСМ донесе милиони евра за фирмите на Заеви и криминалниот картел во власта, но една голема НУЛА за обичните граѓани. Нула проценти раст на БДП за 2018 година и очајни 0.1 проценти раст на БДП во првиот квартал од 2018 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.