Во ЕУ сметаат дека до викендов веројатно нема да има договор за брегзит

Џефри Кокс и Стивен Беркли

Европската унија не очекува дека до викендов ќе се успее да оствари напредок по прашањето на излегувањето на Велика Британија, велат дипломати и функционери откако преговоерите во Брисел кој ги водеше главниот британски преговарач не донесоа резултати.

„Не е веројатно дека ќе се дојде до договор пред викендот. Се подготвуваме за работен викенд“, рекола неименуван европски извор за Reuters.

Дипломатите во Брисел шпекулираат дека британската премиерка Тереза Меј, доколку преговарачите во текот на викендот постигнат договор, би можела во понеделник да допатува во европската престолнина за да му даде политичка поддршка, ден пред гласањето во британскиот парламент.

Разговорите меѓу ЕУ и британсктие преговарачи околу брегзитот кои завршија во вторникот по повеќе од три часа, треба да бидат продолжени во средара. Функционер на ЕУ изјавил во вторникот вечерта дека разговорите не минале добро, пренесува Reuters.

Ниедна страна официјално не објави никакви коментари по средбата, на којашто учествуваа преговарачот на ЕУ за брегзитот Мишел Барние и британскиот секретар за излегување од ЕУ, Стивен Беркли, и државниот обвинетел Џефри Кокс.

Преговарачите се сретнаа за да се обидат да најдат компромис со кој би се овозможило британскиот парламент да го усвои договорот за раздружувањето и да се избегне шокот од брегзитот без договор. Британската премиерка Тереза Меј сака да добие нови гаранции за брегзитот, со надежи дека договорот кој ќе склучи со ЕУ ќе биде усвоен во парламент со 12-ти март.

Доколку пратениците повторно го одбијат пред нив ќе го стави прашањето дали сака да се излее од ЕУ без договор, а доколку и тоа бие одбиено, ќе им предложи „ограничено“ одложување на брегзитот по 29-ти март, кога би требало да се случи најголемата британска надворешна и трговска политика по повеќе од 40 години.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.