Во ЕУ забранети четвртина од пестицидите кои се користат во САД

Во Европската унија е забрането користењето на повеќе од четвртина од пестицидеоте кои ги користат земјоделците во САД, односно 3 отсто од тие пестициди се забранети во Кина, а 2 отсто во Бразил, објави списанието Environmental Health.

Станува збор главно за хербициди, но забранети се и некои инсектоциди, како и фунгициди.

Од 374 главни агенси кои во 2016 година било дозволено да се употребуваат во САД, 72 биле забранети во ЕУ. Особено се истакнуваат два производа кои се забранети да се коритат во ЕУ, Кина и во Бразил. Првиот е „паракват“ кој од Европа е „протерадн“ уште во 2007 година, а вториот е невротоксичниот инсектицид „форате“ чие користење со распрашување од воздух го забрани и американската сојузна држава Њујорк.

Наспроти тоа, пак, Соединетите држави забрануваат користење на два или три пестицида кои се дозволени во другите земји.

„Во почетокот американскиот регулатор добро работел“, вели Нејтан Донли, научник од невладиното здружение Центар за биолошка разновидност во американската Агенција за заштита на околината (EPA). Основана во 1970 година, EPA брзо забрани поедини пестициди, но многу Американци не сфаќаат дека повеќе не живеат во тоа време, појаснува Донли.

Американците не сфаќаат во која мера денес САД заостануваат, но причина за лошата работа на регулаторите не се првенствено демократската или републиканската партија, туку влијателните лобија на производителите на пестицидите, вели научникот.

„Кога ЕPA ги носи одлуките кои не му се допаѓаат на земјоделскиот сектор, се наоѓа во тешка политичка криза, бидејќи американскиот Конгрес е тој кој одлучува за буџетот од кој ќе се финансира EPA, а на одлуките на конгресмените влијаат лоби групите“, додава.