Во Facebook ја цензурираa Маријан па се извиниja

Социјалната мрежа Facebook призна дека во неделата згрешиле кога ја цензурирале славната слика на Ежен Делакроа „Слободата го води народот“, бидејќи прикажува жена со голи гради.

Ремек-делото на Делакроа од XIX век беше во средиштето на маркетиншка кампања за една театарска претстава во Париз, изјави за AFP по овој повод режисерката Жозелин Флорина.

„Околу 15 минути откако ја поставивме на Facebook, беше блокирана со порака дека не можеме да прикажуваме голотија“, објаснува Флорина.

Станува збор за дело вдахновено од француската буржоаска револуција од 1830 година, во чијшто центар, меѓу револуционерите, е жена со искинат фустан и со француската тробојка во раката. Тоа, меѓутоа, не е било која жена туку Маријан, францускиот национален симбол и алегорија на слободата.

По поплаката во социјалната мрежа се предомислиле и се извиниле „за грешката“.

„Сликата ’Слободата го води народот’ има свое место на Facebook. Ја известивме корисничката дека нејзиниот пост е одобрен“, објави шефицата на претставништвото на социјалната мрежа во Париз, Елоди Ларкис.

Ова не е првпат Facebook да цензурира уметнички дела кои прикажуваат разголеност и не е првпат поради тоа подоцна да се извинува.