Во Франција близу осум илјади заболени

Повеќе од 7.700 случаи на зараза со коронавирус се регистрирани во Франција од почетокот на епидемијата, од кои 175 имале трагичен исход, соопшти во вторникот вечерта на редовната прес-конференција, генералниот директор на управата за здравство Жером Саломон

„До овој момен бројот на потврдените случаи изнесува 7.734 (…), а 175 луѓе починаа… На секои три дена бројот на случаите се удвојува“, изјави Саломон.

Предупреди дека 7 отсто од починатите се лица помлади од 65 години. Во оваа возрасна група, исто така, се забележуваат и случаи на тежок тек на болеста, додаде Саломон.

„Вкупно хоспитализирани се 2.579 лица. Тоа значи дека околу пет илјади луѓе се сметат за излекувани, или се веќе пренесени во домашен карантин“, истакна Саломон, додавајќи дека последните два дена од болниците се испишани 602 лица, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 699 пациенти.

Претходно во вторникот агенцијата France-Presse (AFP) извести дека властите планираат во среда да ја изведат „првата воена евакуација“ на пациентите од болницата во Мулуз, којашто официјално се смета за едно од жариштата на ширењето на коронавирусот во земјата. Според информациите, дел од пациентите ќе бидат пренесени во болницата во градот Тулон со авион на здраствените служби на француската армија, кои се опремени со шест комплети за ранимација.