Во Франција „експоненцијален“ раст на новозаразените, над 7.000 во еден ден

Епидемијата од новиот коронавирус се враќа во Франција со „експоненцијален“ раст со повеќе од седум илјади новозаразени во последните 24 часа, соопшти во петокот вечерта Генералната управа за здравство (DGS).

„Динамиката на ширењето на епидемијата е експоненцијална“ во континентална Франција, предупредуваат од DGS во соопштението.

Се додава дека во последните 24 часа се потврдени 7.378 нови случаи, откако во четвртокот беа забележани 6.111 и 5.429 случаи на зараза.

Станува збор за највисока бројка откако се спроведуваат тестирања на коронавирусот од поголеми размери. Последната седмица бројот на новозаразените повеќепати надмина 4.000. Бројот позитивни случаи расте поради циркулирањето на вирусот и поради тоа што бројот на тестираните расте од ден в ден, односно 893.146 тестови се спроведени од минатиот петок.

Стапката на позитивните тестови била 3,9 отсто во периодот меѓу 19-ти и 25-ти август, што е исто во пораст, наспроти 3,8 отсто меѓу 18-ти и 24-ти август и 3,6 отсто меѓу 15-ти и 21-ви август.

„Болничките показатели, новите хоспитализации и бројот на пациентите на одделите за интензивна нега, исто така, се во пораст, иако остануваат на ограничено ниво, во прв ред во областите каде што циркулирањето на вирусот е посилно“, истакнуваат од DGS.

Во четвртокот имало 4.535 хоспитализиран, од кои 387 тешки случаи на интензивна нега односно за шест повеќе од претходниоте 24 часа.

Според последните официјално објавени резултати кои се од четвртокот, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Франција се регистрирани 267.077 потврдени случаи на епидемија. Починале 30.596 пациенти, од кои 20.089 во болниците и 10.507 во социјалните и медицинско-социјалните институции.

Властите ја проширија денеска одлука за задолжително носење маски, особено во поголемите градови, во настојувањата на владата да „стори сѐ“ за да не дојде до „општ карантин“ што би било погубно за стопанството.