Во Франција идентификуван првиот случај на индискиот сој на коронавирусот

Случај на зараза со индискиот сој на коронавирусот е потврден од здравствените власти во југозападниот француски департмент Ло и Гарона, објави во четвртокто шефот на регионалната здравствена агенција на регионот Нова Аквитанија, Бенуа Елбод.

„Станува збор за првиот потврден случај во наштиот депармент Ло и Гарона. Бил идентификуван е во рамките на истражувањето во лабораторијата во Тулуз. Се сомневаме дека станува збор за позаразна варијанта на коронавирусот која е малку и поотпорна на вакцините, иако сѐ уште нема истражувања кои ќе го потврдат тоа“, изјави Елбод за телевизскиот канал BFM TV

Новиот сој е идентификуван кај Французин кој во земјата допатувал од Индија. При тестирање по неговото допатување, му била дијагностицирана инфекција со короанвирусот а неговиот тест бил испратен на на дополнителна проверка во лабораторијата во Тулуз. Лицето е ставено во изолација и се спроведува проверка на сите негови контакти по враќањето во земјата.

Кон крајот на март индиското министерство за здравство објави дека е идентификуван нов сој на коронавирусот SARS-CoV-2 во земјата со двојните мутации E484Q и L452R во S ткн „шилест“ протеин на вирусот со кој продира во човековите клетки. Научниците особено ги загрижува присуството на две мутации одеднаш, кои претходно се забележани во други геноваријанти ширум светот. Исто така, беше објавено дека овие мутации се наоѓаат во околу 15 до 20 отсто од примериците и не се среќаваат кај претходно идентификуваните британски, јужноафрикански и бразилски сој.