Во Франција повторно остар скок на починатите од коронавирусот

Француските здравствени власти известија во четвртокот, третиот ден од воведувањето на строгото ограничување на движењето на граѓаните, за нови 108 починати од коронавирусот, со што по овој остар скојк во ова земја од Covid-19 починаа вкупно 371 лица.

На прњес-конференцијата шефот на француските здравствени служби, Жером Саломон, додаде дека бројот на регистрираните случаи од средата пораснал од 9.134 на 10.995 лица.

„Бројката на заразените двојно се зголеми во последните четири дена“, истакна Саломон. Притоа предупреди дека епидемијата се шири, и оти тоа ширење е „броз и интензивно“.

Саломон рече и дека 1.122 лица се во сериозна сосстоојна и дека им е неопходна интензивна нега.

Предупреди уште еднаш на потребата од строго придржување на воведените мерки.

„Доколку секој ги намали своите конакти, имаме многу помалку заразени лица, тоа е математиката. Треба да се остане дома за да се избегнат смртните и тешките случаи“, додаде Саломон.

Се проценува дека во Франција има околу 5.000 болнички кревети со неопходната опрема, но дека се нерамномерно распоредени по земјата.