Во Франција приведен Италијанец осомничен за 160 силувања и сексуални напади

Педесет и двегодишен Италијанец, по кој се трага во Германија поради сомневања дека извршил 160 силувања и сексуални напади, и тоа повеќето врз малолетнички, е приведен во Франција пренесуваат во петокот медиумите.

Француската полициска бригада која трага по бегалци пред законот BNRF, објави дека осомничениот бил приведен уште минатиот петок во Румешејм-ле-От, близу градот Мулуз, во јужен Алзас, во дом на негова партнерка.

Полициските функционери соопштиле дека по лицето се трагало поради сомневања дека сексуално злоставувал главно деца на неговите партнерки во периодот од 2000 до 2014 година.

Според полицијата досега против него биле покренати 122 истраги во Германија. Француските медиуми пишуваат дека се товари и дека со години ја силувал и својата ќерка.

Германските власти првпат на 7-ми октомври ги предупредиле своите колеги дека осомничениот влегол во Франција, а веќе по три дена бил лоциран.  Приведен бил на 16-ти октомври, а во моментов е во притворени во францускиот град Колмар каде чека да биде израчен на Германија.