Во Франција речиси 3.800 случаи на коронавирус во 24 часа, најмногу од мај

Во Франција во последното деноноќие забележани се речиси 3.800 случаи на Covid-19, најмногу од мај, според податоците кои во средата ги објави генералниот секретаријата за здравство.

Според овие податоци забележани се 3.776 позитивни лица во изминатите 24 часа, наспроти 2.238 колку што беа регистрирани во вторникот. Од мај повеќе од 3.000 новозаразени во едно деноноќие беше забалежано само двапати, минатите сабота и недела.

Вкупно во последните седум дена во Франција со тестирања позитивни на SARS-CoV-2 вирусот биле 16.747 лица.

Во француските болници во последните 24 часа хоспитализирани се 162 нови пациенти, наспроти 185 во вторникот. Вкупно во моментов хоспитализирани се 4.806 лица.

Во Франција од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус се заразиле 225.043 лица, од кои починале 30.468 пациенти.

Процентот на позитивни тестови и натаму е во благ раст и сега изнесува 3,1 отто, а утврдено е 21 жариште на коронаинфекцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.