Во Франција рекорден број починати во еден ден

Во епидемијата од коронавирусот во ФРанција од почетокот на март починале најмалку 15.729 заболени, од кои 5.470 во домовите за старио лица, според најновите податоци на директорот на француските здравствени служни (DGS), Жером Саломон.

Во овие податоци се вброени и 762 починати во последните 24 часа, и тоа е досега најголем број на смртни исходи во еден ден од почетокот на епидемијата, истакна Саломон.

Претходните најцрни податоци за едно деноноќие се забележани на 6-ти април, кога беа регустрирани 605 починати.

„Покрај смртните исходи во болнциите и во институциите, има и оние во градовите, дома, а сите ги бележи Државниот завод за статистика (Insee)“, додаде Саломон.

Во вторникот вечерта 6.730 од пациентите во Франција се во тешка состојба, или 91 помалку во однос на понеделникот. Забележан е пад од случаите на кои им е потребна интензивна нега, иако и натаму е висок бројот на тешко забилените.

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени во понеделникот дека епидемијата започнува да забавува, и 11-ти мај го одреди како датумот за можносто ублажување на мерките за ограничување на движењето на населението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.