Во Франција се шири британскиот сој, следува затворање на региони

Франција во четвртокот регистрирала нови 25.000 случаи на зараза со коронавирусот, 3.000 повеќе отколку пред една седмица, а речиси половината од вкупно заразените се инфицирани со позаразниот британски сој со коронавирусот, објавија властите и најавија „затворања“ во некои региони.

Министерот за здравство Оливер Веран изјави на прес-конференција дека во последната седмица е поништен сиот напредок кој земјата го остварила во првите два седмица и за тоа според него е виновен британскиот сој.

Со британскиот сој на вирусот SARS-CoV-2 заразени се речиси половината од сите заразени во Франција, истакна премиерот Жан Кастекс. Пред една седмица оваа верзија на оригиналниот вирус сочинуваше помалку од 40 отсто од сите коронаинфекции, а сега се стравува од експлозија на британскиот сој.

„Знаеме уште од крајот на јануари дека се шири тивко и дека може во даден момент да предизвика епидемиска експлозија, бидејќи е позаразен“, изјави францускиот премиер Кастекс.

Британскиот сој веќе стана доминантен во областа на Данкирк, на северот, каде што инфекциите избувнаа пред две седмици, поради што властите минатиот викенд наметнаа „затворање“.

Кастекс рече дека „затворањето“ на национални ниво не е опцијата, но дека на почетокот од март во текот на викендите во Париз и уште 19 региони ќе бидат воведени поостри мерки. Французите мора да бидет засилено претпазливи за да се сузбие ширењето на вирусот додека сите не се вакцинирани, истакна преиерот.

Локалните власти во Ница и во Данкерт забранија напуштање на домовите во текот на викендот, поставија контролни пунктови на аеродромите, ги растеруваат лицата кои се групираа и ги заострија мерките за носење маски на отворените простори.