Во Франција се затворени 81 училиште поради коронавирусот

Од почетокот на школската година, само по една недела на работа на 7 септември, Министерството за образование регистрира дека 28 школски установи и 262 паралелки беа затворени заради епидемијата, јави дописникот на МИА.

А според последните бројки кои ги даде министерот за образованием Жан Мишел Бланкие, до денес се затворени осумдесет и едно училиште и нешто повеќе од 2.100 паралелки поради случаи на Ковид-19.

Бројот на затворените училишта претставува „околу 0,13 отсто“ од околу „60 000 училишта во земјата“, рече министерот.

-Ова се бројки кои се уште се многу ограничени (…) а кога имате само 0,13 отсто, сепак е добро враќањето на училиште“, „ тоа е најдоброто можно нешто со оглед на здравствената криза“, процени Бланкие.

На 7 септември, Министерството броеше само 28 затворени училишта и 262 паралелки поради епидемијата.

-Имаме околу 1.200 нови случаи на ученици заразени со Ковид во споредба со претходната недела“, детално објасни министерот, потсетувајќи дека општо е правилото, „да се затвора една паралелка ако има три регистрирани случаи со Ковид.“
(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.