Во Франција стотици демонстранти против задолжителното носење маски

Неколку стотици демонстранти се собраа во саботата на мирни протести на плоштад во главниот град Париз изразувајќи го незадоволството од мерката задолжително носење маски за лице, а исти протести се оддржаа и во поголемите француски градови како Ница, Кан и Рен.

Медиумите потсетуваат дека станува збор за првите протести од овој вид кои се одржуваат во Франција.

Демонстрантите во Париз се собраа на Плас дела Насион (Плоштадот на нацијата) во источен Париз, притоа обвинувајќи ја владата на претседателот Емануел Макрон дека „со страв манупулира со луѓето“ и им наметнува носење маски во неколку големи француски градови „без никакво научно оправдување“.

„Долу санитарната диктура“, „Не сакаме да носиме маски“, Моќта за народот“, беа некои од паролите истакнати на протестите. Во масата имаше и пензионери, и студенти, работници како и неколку десетици припадници на движењето „Жолти елеци“, пренесува телевизискиот канал TVBMF.

Полицијата која не интервенира на протестот во Париз, целосно го опколи местото и бара од присутните да ја почитуваат мерките за задолжително носење маски. Неколку лица кои не сакале да го сторат тоа им биле врачени казни во износ од 135 евра.

„Луѓето на сакаат маски…, ги носат само затоа што се плашат дека ќе добијат парична казна“, рекол за AFP еден од демонстрантите. „Нема научни докази за ползата од носењето маски на отворено. Covid-19 не е толку опасен, повеќетот жртви се постари од 60 години, болни“, додала 26-годишна студентка по социологија Анеис.

Француските власти, особено локалните во префектурите и во градските совети на поголемите градови, последните денови воведоа задолжително носење маски на сите јавни места, вклучително и на отворените простори, на улиците и во парковите. За неносење маска на улица или во продавница се изрекува глоба од 135 евра, а при повторено кршење на мерката може да достигне до 1.500 евра.

Според француското министерство за здравство, во петокот вечерта беа регисрирани нови 7.379 случаи на зараза со коронавирусот. Тоа е за 20 отсто повеќе од претходното деноноќие. Вакви високи стапки на дневно ниво во Франција не се забележани уште од април.