Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат ангажирани 100.000 полицајци и жандарми

Полицијата синоќа изврши 128 претреси во Франција
Полицијата синоќа изврши 128 претреси во Франција

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер најави дека за безбедноста ширум Франција во текот на новогодишната ноќ ќе се грижат 100 000 припадници на силите на редот. Безбедносниот систем ќе биде засилен со распоредување на војници и пожарникари, додека терористичкиот ризик останува на високо ниво.

– Нема примирје за Нова година. Скоро 100.000 полицајци и жандарми ќе бидат мобилизирани во Франција во текот на ноќта помеѓу вторникот и средата – изјави Кастанер.

Тој додаде дека не утврден посебен терористички ризик, но оти треба да се биде внимателен.

– Ние треба да бидеме внимателни посебно за терористичкиот ризик што останува на високо ниво – истакна Кастанер.

Само 24 часа пред 31 декември, Кастанер, исто така најави дека полицијата ќе биде мобилизирана за да го контролира сообраќајот.

Во последните години за време на новогодишната ноќ се регистрирани од 15 до 20 сообраќајни несреќи со смртоносен исход.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.