Во Франција сите натпревари завршија 2:2

Освен што завршија без победник, последните три натпревари од 19. коло во француската Прва лига, завршија и со идентичен резултат 2:2.

Актуелниот бранител на тронот, тимот на ПСЖ не ја искористи предноста на домашниот терен и на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод во дуелот со моментално третопласираниот тим на табелата, Лил.

„ПСЖ не смее да зависи само од погодоците на Ибрахимовиќ. Секој фудбалер мора да даде свој удел, мора на некаков начин да му помогне на својот клуб. Не сакам да кажам дека зависиме од погодоците на Ибра и од тие на Кавани. Јас не сум задоволен од конечниот резултат”, изјави предводикот на „светците”, Лорен Блан.

Резултати: Марсеј – Бордо 2:2, Лориен – Лион 2:2, ПСЖ – Лил 2:2.