Во францускиот Сенат пронајдена статуа на Хитлер

Француските сенатори беа запрепастени кога открија дека во Сенатот се чува биста на Адолф Хитлер и нацистичко знаме, додека столиците со грб на орел од Третиот рајх неодамна биле отстранети.

Тајната ја чувале неколку инсајдери, објави „Монд“.

По објавување властите наредија попис на документи и предмети што ги оставил нацистичкиот окупатор во Сенатот.

Бистата  на Адолф Хитлер е висока 35 сантиметри.

Јавноста беше уште повеќе вознемирена од откритието дека до неодамна, дел од персоналот на Сенатот работел на маси со грбови на орли.

За време на војната, палатата на Луксембург, во која се наоѓа Горниот дом на францускиот парламент, беше команда на германските воздушни сили.