Во Франиција рекордни над 20.000 заразени во еден ден

Бројот на заразените со коронавирусот во Франција во последните 24 часа првпат од избувнувањето на епидемијата надмина 20.000, покажаа податоците на министерството за здравство.

Министерството објави дека се потврдени 20.330 новозаразени, а вкупно од крајот на февруари од почетокот на епидемијата регистрирани се 691.977 случаи.

Во изминатите два дена во Франција имаше повеќе од 18.000 новозаразени со коронавирусот.

Бројот на починатите во изминатите 24 часа се зголемил за 109, што е најмногу оваа година, но е под бројката од 150 починати кои беа бележани на крајот од септември и почетокот од октомври. Со тоа Франција вкупно бележи 32.630 починати од Covid-19.