Во гаснење на пожарот на Јакупица се вклучи и втор хеликоптер на МВР

Центарот за управување со кризи објави дека за пожарот на планината Јакупица над село Горна Вранешница, во средина од просторот меѓу Чашка и Богомила, втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење.

Попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека: „Пет пожарникари од ТППЕ Велес со хеликоптер на МВР се префрлени до пожарот на планината Јакупица. Поради одржување на делумна контрола врз пожарот, во гаснењето ќе се вклучи и втор хеликоптер на МВР. Благодарност до храбрите пилоти и пожарникари, вели Ангелов во пишана изјава.

Претходно, од ЦУК информираа дека вчера доцна попладне е пријавен пожар над село Горно Врановци. Оттаму посочија дека станува збор за сериозен пожар на надморска височина од над 1.200 метри.