Во Германија бројот заразаени со коронавирус достигна 1.112 пациент и

Бројот на потврдени случаи на зараза со новиот сој коронавирус Covid-19 во Германија се зголеми за 265 пациенти во последното деноноќие, и достигна 1.112 пациент, соопшти во понеделникот истражувачкиот Институт „Роберт Кох“ во својто дневен извештај.

Најголем број заразени, 484 лица, се регистрирани во сојузната покраина Северна Рајна-Весрфалија. Во Баварија има 256 заразени, во Баден-Виртенбегр има, пак, 199 пациенти. Случаи се регистрирани во 15 од 16-те германски сојузни покраини.

Ризикот од инфекцијата истанува и натаму „умерен“, забележува Институтот. Министерот за здравство, Јесн Шпан, претходно изјави дека врвот на ширењето на болеста во Германија сѐ уште не е поминат. Додаде, исто така, дека во 80 отсто од случаите, кај пациентите болеста се манифестира во блага форма или воопшто без симптоми.

Министерот, по угелдот на соседна Франција, препорача и откажување на сите масовни настани со учество од над 1.000 лица, во напорите за сузбивање на епидемијата.