По падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во понеделникот во Германија се разви дискусија за најбрзо можно враќање во Сирија на бегалците кои живеат во Германија и можноста тоа да се реализира што е можно поскоро.
„Како прв чекор, тие би можело да му се понуди на секој бегалец по 1.000 евра и да организираат чартер летови за Сирија“, рече поранешниот министер за здравство Јенс Шпан од опозициската Христијанско-демократската унија (CDU) според кого вториот чекор ќе биде организирање меѓународна конференција за враќање и обнова на Сирија, на која ќе учествуваат земјите кои примија најмногу бегалци од Сирија, како Турција, Јордан, Германија и Австрија.
Од таа конференција, како што се најавува, би требало да се „испратат сигнали“ до Сиријците да помогнат во обновата на земјата.
„По понудата за враќање на доброволна основа, германската влада треба јасно да го изрази очекувањето дека младите луѓе ќе помогнат во обновата на нивната земја. Кога ситуацијата ќе се стабилизира, бегалците ќе мора да се вратат во Сирија“, изјави политичарот на CDU.
Враќање на бегалците и запирање на прифаќањето нови
Неговиот партиски колега и портпарол за надворешна политика на Христијанско-демократската унија и сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CDU/CSU) во Бундестагот, Јирген Хард, е на мислење дека треба да се разгледа новонастанатата ситуација во Сирија и соодветно да се донесе одлука за тоа кој смее да остане во Германија.
„Мислам дека многу бегалци од Сирија ќе ја напуштат Германија, што е победа за Сирија, но и за социјалната каса во Германија“, рече Хард.
Пратеничката од CSU, Андреа Линдхолц, покрај враќањето на бегалците кои веќе живеат во Германија, се залага и за стопирање на прифаќањето на нови бегалци од Сирија.
„Последниве години и повеќе од доволното ги исполнивме нашите хуманитарни обврски. Кога ќе се смири ситуацијата во Сирија, ќе исчезне и причината за заштита во Германија“, изјави Линдхолц.
Политичарите од партиите на владата во заминување на канцеларот Олаф Шолц, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и Зелените сметаат дека сѐ уште е рано да се зборува за враќање на бегалците во Сирија.
„Ситуацијата во Сирија сè уште не е таква за да може да се зборува за враќање. Мислам дека сега наместо пред очи да имаме предизборна кампања, треба да размислуваме како да им помогнеме на луѓето и да им дадеме перспектива“, изјави претседателот на парламентарната комисија за надворешна политика, Мајкл Рот.
„Многу Сиријци сакаат да се вратат во својата земја. Но, помислата дека децата што посетуваат училиште овде сега се враќаат им создава голема непријатност на многу луѓе“, рече политичарката од Зелените, Катрин Геринг-Екард.
Околу милион бегалци од Сирија моментално живеат во Германија, а најголем број од нив пристигнаа во земјата во екот на бегалската криза во 2015 и 2016 година.
Запирање на процесот давање азил за Сиријците
Германија и Австрија во понеделникот ја запреа обработката и верификацијата на барањата за азил од луѓе од Сирија, откако режимот на претседателот Башар ал-Асад беше соборен во текот на викендот.
„Со оглед на нејасната ситуација во Сирија, одлуката да се започне со обработка на барањата за азил на граѓаните на оваа земја е точна“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Истовремено, таа ги окарактеризира како „несериозни“ барањата за враќање во Сирија на лицата со статус на бегалци кои живеат во Германија.
„Многу бегалци кои побараа помош во Германија сега можат да се надеваат дека ќе се вратат во својата татковина и ќе ја обноват земјата“, рече Фезер одговарајќи на претходниот предлог на демохристијаните од CDU/CSU на секој сириски бегалец да му понуди премија од 1.000 евра во случај да се врати во Сирија.
Демохристијаните, чија партија би можела да излезе како победник на претстојните предвремени парламентарни избори, предложија да се одржи конференција на која ќе се планира враќање и обнова на Сирија. На конференцијата би учествувале земјите кои примиле најголем број бегалци од Сирија, како Турција, Јордан, Австрија и Германија.
Поради новонастанатата ситуација во Сирија, истовремено со соседна Германија и Австрија го запре процесуирањето на моментално недовршените барања за заштитен статус на лица од Сирија. Истовремено, треба да се разгледаат сите барања за азил кои досега биле позитивно решени.
„Во врска со новосоздадената ситуација, му дадов наредба на министерството да подготви организиран процес на враќање и депортација во Сирија“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
И процесот на обединување на семејството е стопиран до следната одлука.