Во Германија маж си ги убил сопругата и ќерките, ја запалил куќата, па извршил самоубиство

78

Спасувачките служби пронајдоа пет беживотни тела после пожар во една куќа во западна Германија, а полицијата се сомнева дека станува збор за повеќекратно убиство и самоубиство во фамилијата, пренесува АП.

Пожарникарите за време на интервенција вчера пронашле пет тела во запалена куќа во германскиот град Радеформвалд, во близина на Вупертал, а утврдено е дека станува збор за 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, ќерките на возраст од една и четири години и 77-годишната мајка на сопругата, чии имиња не се наведени.

АП наведува дека полицијата и обвинителите соопштиле денеска дека според првите податоци од истрагата се верува дека мажот го убил остатокот од семејството, ја запалил куќата, а потоа си нанел смртни повреди со нож, а како мотив се наведуваат лошите брачни односи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.