Мерките против пандемијата на Covid-19 договорени 21-ви декември, кои се насочени на ограничувањето на контактите со цел да се оневозможи ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот, во вторникот стапија на сила на целата територија на Германија.
Од денеска во целата земја важи правилот за собирање на најмногу десет лица, несметајќи ги децата помлади од 14 години. Овој пропис важи без оглед на тоа дали станува збор за вакцинирани или невакцинирани против Covid-19 лица. Доколку меѓу нив се наоѓаат невакцинирани, тогаш се применува и прописот кај собраните лица да станува збор за едно домаќинство и најмногу две лица да се од друго домаќинство.
Од денеска се затворени сите клубови и дискотекки со исклучок на сојузните покраини-градови Берлин и Хамбург. Ноќните клубови таму смеат да работат, но е забрането танцување. Наместо, тоа дозволени се културни настани, како што се изложби или литерарни собири.
Спортските манифестации од вторникот се одржуваат пред празни трибини. Собирите на отворени простори се дозволени до 200 лица само со примена на дозволата за вакцинираните или за оние кои прележале Covid-19. Истото важио и за културните настани, како и за кината и театрите.
Овие епидемиолошки мерки денеска стапуваат на сила во неколку германски сојузни покраина, додека другите покраини тие мерки веќе ги имплементираа изминатите денови.
Мерките кои ги донесоа сојузната и покраинските влади на сојузните покраина им овозможуваат воведување дополнителни мерки доколку се влоши епидемиолошката ситуација. Така и сега во многу покраина на истокот на Германија се затворени кината и театрите, но и спортските објекти, како што се базените.
На сила остануваат од претходно донесените ограничувања на пристапот на работно место и во средствата за јавен сообраќај само за вакцинираните, оние кои ја прележале коронавирусната болест или имаат негативен тест. Исто така, на сила е и мерката за пристапот во малопродажната мрежа само за вакцинираните и оние кои оздравеле, при што тука не се сметаат продавниците за секојдневни основни продукти.
Пристапот до угостителските објекти по правило е дозволен само за оние кои се вакцинирани или го прележале коронавирусот.
На сила останува и забраната за продажба приротехнички средства која во вторникот ја потврди Берлинскиот управен суд одбивајќи ја тужбата поднесена од група тргвоци. Забраната за продажба на пиротехника втора година по ред се образложува со потребата за растоварување на здравствените установи поради големиот број повредени во новогодишната ноќ изминатите години и со самото тоа ослободвуање на капацитетите за заболените од Covid-19.
Државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ во вторникот пријави остар раст на заболените од Covid-19 кои се заразиле со новата омикрон варијанта. Регистрирани се 10.400 заразеи со омикрон сојот, што е раст за 45 отсто во споредба со понеделникот. Стручњаците на Институтот стравуваат дека вистинските бројки се многу поголеми, поради тоа што во текот на божикните празници помал број здравствени институции ги дојавиле податоците за новозарезените отколку вообичаено.