12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Во Германија НАТО формира вселенски центар за заштита на сателитите

На нивниот виртуелен состанок, министрите за одбрана на НАТО се согласија да формираат вселенски центар во Рамштајн, Германија, каде што се наоѓа командата на воздушните сили на НАТО.

Идејата за формирање ваков центар беше иницирана на самитот на земјите-членки во декември 2019 година во Лондон.

“Сателитите на земјите членки на Алијансата се многу ранливи и претставуваат потенцијални цели на напад. Кина и Русија имаат развиено капацитети што можат да ги оневозможат и уништат сателитите, што би имало сериозни последици за комуникацијата меѓу земјите членки”, рече генералниот секретар.

Центарот Рамштајн ќе има задача да споделува информации за закани по сателитите и да ги координира активностите на тие сателити.

Кон крајот на минатата година, НАТО ја прогласи вселената за петта оперативна зона, по воздушниот, копнениот, морскиот и сајбер просторот.